ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ

ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ . (Грѕллус цампестрис Л.) – правокрилен инсект. Познат е и како полски попец. Спаѓа во групата скакулци. Живее во суви песокливи терени. Кога е во опасност се повлекува во своите подземни дупки, длабоки и до 40 цм. Се храни со растителни пупки и со инсекти. Во времето на парењето мажјакот произведува карактеристичен звук – црцорење, што ја привлекува женката за оплодување. Ареалот на распространувањето му е Средна Европа, од каде што доаѓа и кај нас. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. Полски штурец В. Т. К. – М. Кр.