ШОЈЛЕВСКА, Сања

ШОЈЛЕВСКА, Сања (Скопје, 26. Ⅵ 1964) – пијанист и музиколог. Дипломирала на ФМУ во Скопје (1987), каде што и магистрирала (1991). Докторирала во Нови Сад (2000), каде што работела како наставник на Уметничката академија (1989-1995). Од 1993 г. живее и работи во Лос Анџелес, САД. Автор е на монографија за истакнатиот американски композитор на филмска музика Александар Норт (2003). Б. Орт. Д. шојлевски: Градскиот парк во Скопје