ШКОКЛЕВСКИ, Живко

ШКОКЛЕВСКИ, Живко (Д’мбени, Костурско, 2. Ⅶ 1937 – Скопје, 5. И 2004) –град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1989 до пензионирањето во 1998 г.) по предметите ХидЖивко шкоклевски раулика, Хидрологија и Речна хидротехника. Дипломирал во Прага (1960), докторирал во Скопје (1983). Учествувал во регулацијата на повеќе наши реки. Напишал учебник „Регулација на водотеци“, како и неколку други книги, меѓу кои и монографии за регулацијата на Вардар и за Дојранско Езеро. Љ. Т.