ЧУЧЕР-САНДЕВО

ЧУЧЕР-САНДЕВО – село во Скопско. Се наоѓа во јужното подножје на планината Скопска Црна Гора, на надморска висина од околу 550 м. Со Скопје е поврзано со регионален асфалтен пат. Има 299 ж. од кои 117 се Македонци, 180 се декларираат како Срби и други (2). Населението се занимава со одгледување житни култури и лозарство. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 24.078 ха, има 12 населени места во кои живеат 8.493 ж. Во Чучер-Сандево постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.