ЧОРЕВСКИ, Борис

ЧОРЕВСКИ, Борис (Скопје, 15. Ⅸ 1949) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје (на Отсекот за актерска игра). Својот работен век го минал главно како член на Народниот театар во Битола, со една година прекин, кога бил програмски менаџер во Драмата на МНТ и директор на Центарот за култура во Битола. УЛОГ: Киро („Лет во место“), Осман-бег („Македонска крвава свадба“), Ајгеј („Медеја“), Владимир („Чекајќи го Го-до“), Даскалот („Суд“) и др. Р. Ст.