ЦРНА РЕКА

ЦРНА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Извира во Демир Хисар кај с. Железнец, на височина Црна Река вкупниот пад изнесува 631 м. Изворот го сочинуваат 5 поголеми карстни извори, меѓу кои позначајни се Црна Дупка и Под Куќа, а изворишниот дел се наоѓа во североисточниот дел на Церско Поле, под планините Баба Сач и Љубен. Долга е 207 км, а нејзиниот слив зафаќа површина од 5.890 22 км , од кои 5.014 км или 85,7% се на територијата на РМ, а 844,5 2 км или 14,3% $ припаѓаат на соседна Грција. Просечниот годишен проток пред вливот во р. 3 Вардар е 29,3 м /с. Таа од изворот тече кон југ низ Демир Хисар, а кај селото Бучим навлегува во Пелагониската Котлина. Кај селото Скочи Вир ја напушта неа и потоа навлегува во најдолгата клисура во Македонија, која пак ја напушта кај с. Возарци и навлегува во Тиквешката Котлина. По должина на својот тек таа прима поголем број притоки. Од десната страна ги прима реките шемница, Драгор, Јелашка Река, Блашница и др., а од левата страна реките Блато, Раечка и др. Во сливот на Црна Река се изградени 35 вештачки акумулации, меѓу кои поголеми се Тиквеш, Стрежево и Суводол, а другите се мали акумулации. Водата од Црна Река се користи за наводнување, за производство на електрична енергија (ХЕЦ „Тиквеш“), за риболов, рибогојство, за спорт и рекреација и за други потреби. ЛИТ.: Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979; Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.