ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

ЦЕМЕНТАРНИЦА „УСЈЕ“ – СКОПЈЕ – индустрија за произЦЕНЕВСКИ Цементарницата „Усје“, Скопје водство на цемент и производи од цемент и друго. Проектирана, градена и пуштена во работа во 1950тите години. Лоцирана е во индустриската зона и е наречена според некогашното село Усје. Цементот се добива со мешање на измелен клинкер и гипс. Клинкерот е производ што се добива од варовник (ЦАЦО ) и песок (СиО ), како и од 32 додатоци на оксиди на алуминиумот и на железото. Варовникот се копа во рудникот во Говрлево, песокот во рудникот во Љубош, а лапорот во кругот на Фабриката. Суровините се дробат, се мелат, се сушат и се мешаат и на крај, како суровинско брашно со додаток на гориво, се внесуваат во ротациона печка и таму се калцинираат, се декарбонизираат и се синтеруваат (на 1470о Ц) до клинкер. Клинкерот се лади, се дроби и се меле и од него со мешање се добива цемент. Се преземаат мерки за контролирано испуштање прашина и гасови (СО , 2 НО , ЦО и др.). Производството е џ поврзано со трошење многу енергија, па се воведуваат мерки за редукција на потрошувачката и супституција со секундарни горива. Со приватизацијата Цементарницата стана составен дел на групацијата ТИТАН – Грција. Св. Х. Ј. Кирил Ценевски