ХУНИ

ХУНИ – азиски номадски племиња од монголско потекло. Продреле во Европа, ги поразиле Остроготите на северното крајбрежје на Црно Море (375) и продолжиле да се движат кон запад (376). Во Европа формирале голем племенски сојуз, со центар во Панонија, кој ги зафаќал териториите од Волга, на исток, до Германија, на запад. Најголема моќ имале во времето на Атила (433– 453), „божјиот камшик“. Под негово водство, преземале пљачкачки напади на Римското Царство, ја опљачкале Македонија (447). Биле поразени од Римјаните и од нивните сојузници во битката на Каталунските Полиња (451). По смртта на Атила, сојузот се распаднал. ЛИТ.: И. Бона, Дас Хуненреицх, Стуттгард,1991; Е.А. Тхомпсон, Тхе Хунс, Оџфорд, 1999. К. Аџ.