ФРОСИНА

„ФРОСИНА“ – прв македонски игран филм, снимен во 1952 г., во режија на Воислав Нановиќ. Дејството временски е лоцирано во периодот на окупацијата и деновите на Ослободувањето. Главниот лик е една храбра и осамена мајка, која ја дели судбината со македонските жени, чија острина на болката на која се осудени, издржливоста и храброста досегнуваат величие на античките драми. Г. В. Љубомир Фрчковски