УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ – дел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Службата постои од 1947 г. и има задача да ги следи процесите во атмосферата, во водните текови и општо квалитетот на животната средина, да прави прогнози и да обезбедува информации за населението. За таа цел во Република Македонијапостојат неколку десетици станици за постојано набљудување. Податоците се обработуваат со современи методи базирани на комплексни нумерички програми и постојана меѓународна размена на информации. Од 1993 г. Република Македонијае членка на Светската метеоролошка организација. В. Ур. Никифор Уран во воен поход (минијатура според Скилица, Ⅺ в.)