УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила

УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила (Скопје, 6. Ⅱ 1926) – припадник на првата генерација дипломирани македонисти на Филолошкиот факултет во Скопје, каде што работи од 1949 г. до пензи-У Радмила Угринова-Скаловска онирањето, предавајќи старословенски јазик и споредбена граматика на словенските јазици. За овие предмети обезбедува и соодветни учебници. Научниот афинитет кон палеославистичката проблематика, а во тие рамки особено кон историјата на македонскиот јазик, доаѓа до израз во бројни трудови за јазичните особености на македонските цсл. текстови, како и во изданието на Радомировото ев. Голем е нејзиниот придонес како организатор и долгогодишен раководител на Одделението за историја на македонскиот јазик во ИМЈ и како редактор на Речникот на црковнословенскиот јазик од македонска редакција (И том, Скопје, 2006). Составен дел од нејзините научни преокупации претставува интересот кон современиот македонски јазик изразен во редица прилози и во докторската дисертација за глаголските префикси во македонскиот јазик, како и преку учество во изработката на Правописот на македонскиот јазик. ДЕЛ: Значењата на глаголските префикси во македонскиот јазик, Скопје, 1960; Старословенски јазик, Скопје, 1970; Радомирово евангелие, Скопје, 1988 (со З. Рибарова); Споредбена граматика на словенските јазици, И. Граматика, Ⅱ. Словен-ска читанка, Скопје, 1994. БИБ.: Е. Црвенковска, Библиографија на трудовите на проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска, Зборник во чест на Р. Угринова-Скаловска …, Скопје, 1997, 13–23 (до 1996). Зд. Р. УГРИНОВСКИ, Григор Наумов