ТОПЛИФИКАЦИЈА АД

„ТОПЛИФИКАЦИЈА“ АД – Скопје – формирана во 1965 г. како Дирекција за топлифицирање на Скопје. Снабдува околу 40% од станбениот и поголем дел од деловниот простор. Во 1999 г. ус-пешно е завршен процесот на Топлификација АД – Скопје приватизацијата. Се занимава со производство и дистрибуција на топлинска енергија; изработка на инвестициски програми, студии, техничка документација; изградба и монтажа на објекти за топлификација, климатизација и гасификација; научноистражувачки работи и др. Топлификацискиот систем е директен двоцевен и се состои од три потсистеми: извори на топлинската енергија; дистрибутивна мрежа и топлински станици. Изворот го сочинуваат три топлани: „Исток“ – 279,12 МЊ (58%); „Запад“ – 170,97 МЊ (36%); „11 Октомври“ – 28,21 МЊ (6%), или с“ вкупно 478,3 МЊ. Се произведува 736.000 МЊх/год. топлинска енергија; а се троши 71.000 т/г. мазут, 18.500.000 кЊх/г. електрична енергија. Дистрибутивната мрежа е со цевовод со НО32НО700, вкупна должина 177,2 км и температурна разлика 60°Ц. Од 1997 г. во топланата „Исток“ е воведен природниот гас (50%). Во грејната сезона 2001/ 2002 г. е пуштена нова топлана „Скопје север“ во приватна сопственост, а во 2000 г. Топлификацискиот систем во Битола, (6 котларници со 20 МЊ). На почетокот од 2003 г. е добиен сертификатот за квалитет, стандардот ИСО 9001:2000. Сл. А.