ТЕЌЕ СЕРСЕМ АЛИ-БАБА

ТЕЌЕ СЕРСЕМ АЛИ-БАБА (Тетово, изградено меѓу 1538–1548) – верски објект, споменик на културата. Познато е како Арабати баба теќе, подигнато од Серсем Али баба, припадник на дервишката секта бекташи. Претставува комплекс од повеќе објекти: џамија, турбиња, објекти за живеење, семахане (место за молитва на дервишите), шадрван и др. Кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. тетовскиот паша Абдурахман подигнал и конак. Посебна убавина на некои од објектите се резбаните тавани. Во дел од теќето се сместени дервиши на бекташкиот дервишки ред. ЛИТ.: Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлџ Мимарџ Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, Истанбул, 1981; Никос Чаусидис и други, Македонија: културно наследство, Скопје, 1995. Др. Ѓ. Монета на Теутај, аверс/реверс