ТЕТРАРХИЈА

ТЕТРАРХИЈА (969–976) – четиривластие, заедничко владеење на четворицата браќа комитопули Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на комесот Никола. Била востановена кога комитопулите ја отфрлиле бугарската врховна власт и започнале да владеат самостојно во Преспанско-охридската област (969), а завршила со смртта на Давид, кој бил убиен помеѓу Костур и Преспа (976). ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969. К. Аџ.