СТЕФКОВСКИ, Благоја

СТЕФКОВСКИ, Благоја (Гојчо; псевд. Г. Минтан) (Куманово, 1905 – Скопје, 3. ⅩⅠⅠ 1965) – млад поет, комунистички деец, организатор на НОБ, генерал-мајор на ЈНА. Завршил втори клас гимназија, а потоа го изучувал кројачкиот занает. Како активист на синдикалното движење, станал член на СКОЈ и на КПЈ (од 1935), член на МК на СКОЈ и на МК на КПЈ во Куманово (1938). Бил соработник на в. „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. Бил избран делегат на Ⅴ земска конференција на КПЈ (Загреб, 1940), но бил спречен да отпатува. Како член на Воениот штаб на МК (1941), бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО, а по нивното разбивање, бил избран за секретар на МК (јануари 1942). Автор на повеќе статии во органот на МК на КПЈ во КумановоОктобрис“ (октомври–ноември 1942). Наскоро бил уапсен (1943), а потоа интерниран во Ениќој, каде што организирал јадро на КПМ. По враќањето (октомври 1943) заминал во партизанските единици како политички комесар на Кумановскиот НОПО (1944), член на Обласниот комитет на КПМ и подоцна политички комесар на Брегалничко-струмичкиот (македонски) корпус на НОВЈ. По Ослободувањето завршил правен факултет, бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија, предавач по стратегија на Вишата воена академија, републички народен пратеник и извршувал високи должности во Скопската армиска об-ласт. Од неговото литераурно творештво, познато е дека бил автор на едночинката „Жената умира“ „СТИВ НАУМОВ“ С