СТЕФАНОВСКИ, Велко

СТЕФАНОВСКИ, Велко (Скопје, 3. Ⅳ 1931) – професор и научен работник во дрвноиндустриската област. Дипломирал на шумарскиот оддел на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1956). Докторирал на шумарскиот факултет во Скопје (1965) на темата „Проучување на физичкомеханичките својства на дрвото и дрвните производи на платанот (Платанус ориенталис)“. Бил избран за асистент (1961), а потоа и за редовен професор (1973). Имал плоден работен век како универзитетски професор и специјалист во практиката, особено во поглед на преработката и обработката на дрвото. Остварил повеќе усовршувања во земјата и во странство (во периодот 1963–1988). Бил општествено активен. Се пензионирал во 1996 г. Објавил 83 научни и стручни трудови. Б. Ил. Влатко Стефановски