СПИРОВСКИ, Кирил

СПИРОВСКИ, Кирил (Велес, 14. Ⅱ 1918 – Скопје, 9. И 2004) – диригент. Студиите по диригирање ги започнал во Прага, а ги завршил во 1950 г. на Музичката академија зо Загреб. Диригент во Операта и Балетот на МНТ од 1950 до 1956 и од 1982 до 1984 г. Во периодот 1963–1977 г. бил директор на Концертната дирекција на Македонија, а извесно време работел во Културно-просветната заедница на Македонија. При својот ангажман во Операта на МНТ поставил и диригирал повеќе оперски (Никола шубиќ-Зрински, Аида, Евгениј Онегин, Еро од оној свет) и балетски дела (Валпургиска ноќ, Половецки логор, Македонска повест, Бахчисарајска фонтана). Учествувал во музичкото оформување на повеќе драмски претстави. Гостувал во неколку европски земји (Австрија, Германија, Чешка), каде што изведувал и снимил дела од македонски композитори. Ф. М.