СИМЕОН ¶

СИМЕОН Ⅰ (ХВИ в.) – охридски архиепископ (ок. 1550 г.). Поранешен епископ на чело на Рашката епархија. Стапил на престолот на Охридската архиепископија во јули 1550 г. По половина година бил принуден да го напушти престолот. ЛИТ.: И. Снегаров, История на Охридската архиепископия-патриаршия, София, 1995; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник на Богословскиот факултет Св. Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002. Ал. Тр. Цар Симеон Велики