СИЛЈАН, Раде

СИЛЈАН, Раде (Жван, 16. Ⅳ 1950) – поет, есеист, критичар, антологичар, учебникар, преведувач, издавач. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Ки-Раде Силјан рил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар, потоа уредник во Радио Скопје. Бил директор на книгоиздателството „Македонска книга“ и основач и директор на книгоиздателството „Матица македонска“ во Скопје. Составувач е на неколку антологии на македонската поезија и проза. Претседател на ДПМ (од 2008). БИБ.: Третиот лик на времето, поезија, 1975; Сенки на јавето, поезија, 1980; Пронајден облик, критики и есеи, 1986; Дијалог со времето, критики и есеи, 1988; Гласник, поезија, 1989; Заѕидување на сенката, поезија, 1990; Магијата на зборот, критики и есеи, 1991; Прилози за наставата по литература, во пет книги 2000; Гласот на предците, поезија, 2001; Романтизам, студија, со П. Гилевски, 2003; Провев во татковината, избор од поезијата, 2004; Горчлив вилает, поезија, 2006. ЛИТ.: Г. Тодоровски Култивирано лирско писмо во Решки и шарки, 2001; М. Матевски: Поезија и невреме (предговор кон Провев во татковината, 2004; Аполон Гилевски: Судбински фатаморгани, „Утрински весник“, 2001 год. П. Гил. Христо Силјанов