СЕЛЕВК И НИКАТОР

СЕЛЕВК И НИКАТОР (Македонија, 358 – 281 пр. н.е.) – основач на македонската династија Селевкиди (312–281), која владеела во Азија по смртта на Александар Ⅲ Македонски. Бил еден од блиските соборци-хетајри на Александар Македонски, виден војсководец во походот на Исток. Во 312 г. пр.н.е. станува еден од најистакнатите владетели (наследници на Александар Македонски) на својата епоха; во 305 г. се прогласил за крал на Кралство во Југоисточниот дел на Мала Азија и Северна Сирија, затоа се нарекувало и Сириско Кралство. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Историја на македонскиот народ 1, Скопје, 2005; Р. Илјовски, Кој и кога владее со Македонија, Скопје, 2003. А. шук.