СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА

СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ – еднокорабна црква со надвишен попречен свод во вид на трансепт и доѕидан параклис на Иконостасот во манастирот „Св. Јован Бигорски“, (1835) јужната страна посветен на Св. Црквата „Св. Константин и Елена“, Охрид (ⅩⅣ в.) Петка. Црквата е изградена кон крајот на ⅩⅣ в., како завештание на јеромонахот Партениј, големиот духовник на Охрид, и повеќе децении служела како капела на неговото семејство. Јеромонахот Партениј, неговата мајка презвитера Марија, како и неговиот рано починат син Михаил, се насликани на јужниот ѕид од црквата во ктиторската композиција. Црквата содржи посложена декорација и, освен циклусот на Големите празници и вообичаениот избор на светци од првата зона, во повисоките делови се насликани Христовите маки и страдања, како и интересната декорација на трансептот со сликање на Небесната литургија и Светата Троица. На западната фасада од јужниот параклис е насликано опширното житие на св. Петка, додека пак јужната фасада од црквата содржи интересна сликана програма. Освен ктиторската композиција, на која се претставени архимандритот Никанор и неговото семејство, во погорните зони е насликан циклусот посветен на ца-рот Константин, што е реткост во средновековното сликарство. ЛИТ.: Гојко Суботиÿ, Свети Константин и Јелена у Охриду, Београд, 1971; Истиот, Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век, Охрид, 1980, 78–86; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980, 159–169. С. Ц.