СВЕТА БОГОРОДИЦА ТРОЕРАЧИЦА

СВЕТА БОГОРОДИЦА ТРОЕРАЧИЦА“ – црква во Скопје. Според историски извори, била изградена во почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., а обновувана повеќепати со даренијата на средновековните владетели. Според една легенда, во оваа црква се наоѓала чудотворната икона посветена на Богородица Троерачица, која подоцна била пренесена во светогорскиот манастир Хиландар. Во 1835 г. на нејзино место била изградена нова голема трикорабна базилика. Во неа се наоѓал еден од најубавите и најголеми иконостаси, дело на мијачките копаничари. Црквата, заедно со иконостасот и мебелот (работен, исто така, во длабока резба) изгореле во 1944 г. Во 2007 г. на местото на опожарената црква е изградена нова, трикорабна базилика, која го има истиот план како црквата од 1835 г. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950, 298; К. Балабанов, Скопје Олд Базар, Скопје, 1994, 27-28. К. Б.