РОЖДЕСТВО НА БОГОРОДИЦА

РОЖДЕСТВО НА БОГОРОДИЦА“ – манастир во с. Манастирец (Горни), во Порече кај Македонски Брод. Манастирската црква е опкружена со конаци. Според легендите, ја подигнал српскиот крал Милутин. Погрешно се вбројувала меѓу црквите од ⅩⅠⅩ в. Претставува монументална градба со еднокорабна основа, чиј наос од западната страна преминува во припрата. Во поново време е откриено старото ѕидно сликарство, чии стилски одлики – монументалност, со елементи на доцнокомненски стилски струења – упатуваат на втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Во западниот дел одвнатре (припратата) е насликан монументален Страшен суд, единствен од ваков вид во Македонија. Во рамките на Страшниот суд се наоѓа сликан аркосолиум, со посмртен монашки лик, на извесен Милетиј, можеби игумен на манастирот, во молитвен став пред Христос. ЛИТ.: М. М. Машниђ, Поречки манастир Ро—ења Богородице у селу Манастирцу у Македонији (о архитектури, програму и стилским одликама првобитних фресака, „Ниш и Византија. Зборник радова“, Ⅱ, Ниш, 2004, 279–295. М. М.