РОБЕВЦИ

РОБЕВЦИ – трговско семејство во Охрид и Битола, учесници во економскиот, духовниот и политичкиот живот во последните два века од османлиското владеење Куќата на Робевци во Охрид со Македонија. Основачот на семејството бил Робе, кој починал во 1756 г. Неговиот потомок Стефан основал трговска фирма во Софија (1814). Семејството Робевци во ⅩⅠⅩ в. имале широко разгранета мрежа на трговски фирми и филијали во Охрид, Битола, Виена, Белград, Трст, Задар, Сараево, Свиштов, Цариград, а тргувале и со Лајпциг, Одеса и со др. трговски центри. Значајни позиции во политичко-економскиот и црковно-просветниот живот во Македонија во ⅩⅠⅩ в. заземале: Константин Робев (1818– 1900), лекар во Охрид и Битола; Димитар Робев (1822–1890), трговец, општественик и поборник за македонска афтокефална црква и независна македонска држава и пратеник во Османлискиот пар-ламент (1876); Никола Робев (1831–1906), трговец и општественик; браќата Ангеле и Атанас Робевци и др. ЛИТ.: А. Трајановски, Црковно-училишните општини во Македонија, Скопје, 1988. Ал. Тр. Џорџ Робертсон