РЕЦЕНТНА СУКЦЕСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

РЕЦЕНТНА СУКЦЕСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Развитокот на вегетацискиот покривач се одвива преку еден почетен, еден или неколку преодни и еден конечен стадиум. Секој стадиум претста-Насловната страница на весникот „Нова Македонија“ Рецентна сукцесија во Македонија посветена на Референдумот за независна Македонија вува самостојна асоцијација. Меѓусебната поврзаност на развојните стадиуми од почетниот до конечниот, претставува развојна серија. Последниот стадиум кога вегетацијата и почвата го достигнуваат врвниот развој при општи климатски услови, без оглед на геолошката подлога, претставува климатоген стадиум т.е. климатогена асоцијација. Доколку развојот на вегетацискиот покривач е запрен на некој преоден стадиум поради премногу вода, киселост, соленост на почвата или поради некој друг локален фактор, тогаш станува збор за траен стадиум. Ако се отстрани локалниот фактор тогаш сукцесијата продолжува с“ до климатогениот стадиум. Почетниот стадиум го забрзуваат анемохорните или зоохорни видови Популус тремула, Бетула пендула, Пинус нигра, Пинус сѕлвестрис, Пинус пеуце, Јуниперус цоммунис, Јуниперус еџцелса и др. Секој од овие видови има свое примарно станиште и оттаму се шири на секундарно станиште. Примарните станишта се наоѓаат главно на доломитни камењари, гранитни камењари и сл. Најдобри услови за населување борови шуми на Малешевските, Мариовските Планини и на Пелистер се создадени во втората половина на ⅩⅠⅩ и во ХХ в., кога опаднал сточниот фонд. На сечиштата и на пасиштата првин се населува орловата папрат Птеридиум аљуилинум, а потоа Јуниперус цоммунис, и под заштита на смреката се населуваат борови. Следниот стадиум е климатогената асоцијација и тоа во Мариово и на Пелистер Абиети-Фагетум, додека на Малешевските Планини нема ела, па таму е климатоген стадиум буката без ела. Населувањето на црниот и белиот бор и моликата се одвивало на бранови. Најстарите стебла се стари 150–180 години, а вториот бран стебла се стари 90–120 години, тоа е периодот на Балканските војни и Првата светска војна. Најновиот бран се стебла од по 40–60 години, а тоа е периодот на миграција на населението село–град. Обновата на боровите шуми под буката е невозможна, но бидејќи имаат крилца на семето тие се шират на голи терени и на растојание над 30 км. Така моликата ги освојува субалпските терени на Јабланица, а црниот бор се спушта пониско од Витолишта. Јасиката освојува терени каде што имало пожари како на пр., на Огражден кај селото Двориште, Јакупица, на шашковица и Празниторба. Р. Р.