РЕПУБЛИЧКИ ЗАВОД ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

РЕПУБЛИЧКИ ЗАВОД ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА – наставна база на Мед. ф. во Скопје. Бил формиран како Завод за тропски болести во Скопје (10. И 1925), а потоа (1927–1941) бил преименуван во Хигиенски завод Скопје. Во времето на Втората светска војна Заводот постоел под името Областен хигиенски институт во Скопје (1941–1945), а потоа под името Бактериолошкохемиски институт. Од 1953 г. Заводот функционирал како Централен хигиенски завод – Скопје, а од 1962 г. е преименуван во Републички завод за здравствена заштита – Скопје. Организациската структура на Заводот вклучува 4 стручни сектори: Хигиена и заштита на човековата средина, Епидемиологија и микробиологија, Социјална медицина и Испитување и контрола на лекови. Д. Д.