РАФИНЕРИЈА ОКТА

РАФИНЕРИЈА „ОКТА“ – Скопје – единствена рафинерија на сурова нафта, но и дистрибутер на нафтени деривати во РМ. Проектирана е од 1978 г., изградена е во 1980 г. како Рафинерија „Скопје“, а почнува со работа на процесните постројки од 1982 г. Во 1990 г. е трансформирана во акционерско друштво, од 1995 г. е преименувана во „ОКТА“, а од 1999 г. доминатен сопственик е Хеллениц Петролеум, ЕЛ.П.ЕТ Балканики С.А. Со рафинирање на нафтата се произведуваат: ТНГ (течен нафтен гас, т.е. втечнет пропан, втечнет бу-тан и пропан-бутан смеса), примарен бензин, моторен бензин (МБ 86, МБ 98, БМБ 95), керозин (петролеј, еко гориво, млазно гориво ГМ-1), дизел гориво (Д1 и Д2), масло за горење (ЕЛ, мазут), вајт шпирт, растворувачи и др. Од 2002 г., со изградбата на нафтоводот Солун – Миладиновци (212,6 3 км) со капацитет од 360 м сурова нафта на час, се создадени услови за доближување до максималниот капацитетот од 2.500.000 т сурова нафта годишно, иако реално преработените количества се помали. 95% од нафтените деривати се од домашно производство, а само 5% се од увоз. Процесни постројки се: атмосферска дестилација, хидродесулфурација и дестилација на примарен бензин, каталитички реформинг, изомеризација, хидродеслурација на керозин и средни дестилати и фракционирање на гасови. Со изградбата на десулфуризаторот (2004) е овозможено производство на еколошки дизел горива што ги задоволуваат стандардите во европски и во светски рамки. Располага со дистрибутивна мрежа низ целата територија на РМ. Св. Х. Ј. шукри Рахими