РАДЕН

РАДЕН – еден од истакнатите ктитори на црквата „Св. Архангел Михаил“ во с. Непроштено (Тетовско). Покрај него, како ктитори се спомнуваат и неговиот брат Никола, како и сите православни христијани од селото. Во катастарскиот дефтер бр. 190 (се чува во Анкара) што се однесува на с. Непроштено, од Скопскиот санџак, во 1568/69 г. се спомнуваат „војнуците“ Никола Јона и Радета Јона, кои биле ослободени од државни давачки. ЛИТ.: Р. Груји¢, Полошко-тетовска епархија и манастир Лешак, „Гласник Скопског научног друштва“, ⅩⅠⅠ, Скопје, 1933, 33–77; Р. Тричковиђ, Српска црква средином ⅩⅤⅠⅠ века, „Глас САНУ“, ЦЦЦЏЏ, 2, Београд, 1980; Ј. Николи¢, Ктиторски натпис и живопис у Непроштену код Тетова, „Зборник Матице српске за ликовне уметности“, 22, Нови Сад, 1986, 251–257. З. Р.-Н.