ПРЕСИДИО

ПРЕСИДИО – патна станица од римско време, забележена на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.). Се наоѓала на делницата од римскиот пат помеѓу Скупи и Стоби, на Ⅸ р.м. од станицата Кефалон. Се лоцира кај селиштето Веноле, јужно од утоката на р. Бабуна во р. Вардар. На локалитетот се забележуваат остатоци од керамика. ЛИТ.: Т. Томоски, Прилог за реконструкцијата на Табула Пеутингериана на делницата Сцупи–Стоби, Македонија низ вековите, Скопје, 1999. К. Аџ. Останки од црквата „Св. Ахил“ во Мала Преспа (Џ–Ⅺ в.)