ПЕЧУРКИ

ПЕЧУРКИ (Агарицус сп.) – нижи бесхлорофилни растенија, кои најчесто се размножуваат со спори. Ги одгледувале старите Римјани, а од ⅩⅤⅠⅠ в. се распространети најмногу во Европа. Како храна се користат варени, печени, маринирани. Свежите печурки содржат: вода (околу 89%); белковини (4,9%); јаглеродни хидрати (3,6%); масти (0,2%); минерални материи (0,8%); органски киселини. Во производството се најраширени шампињоните (Агарицус биспорус), буковките (Плеуротус аастреатус) и шитаке (Лентинус едодес). Потребни услови за производство: температура за развој на мицелиите 22– о 25 С, за формирање плодоносни о тела 16–18 С, влажност на супстратот (компостот) 65–68%, влажност во воздухот 80–90% и пх 6,8–7,2. Д. Ј. Панче Пешев