ПЕРДИКА

ПЕРДИКА (Пердиккас) (360? – 321 пр.н.е.) – македонски војсководец, со потекло од владетелско семејство од Орестида што било во сродство со аргеадската династија. Го придружувал Александар Ⅲ Македонски уште од војната против Трибалите, па с“ до смртта. Најпрвин бил заповедник во пешадиските единици, подоцна станал еден од седумтемина негови телохранители, а кога умрел Хефајстион (324 пр.н.е.) тој станал заповедник на првата коњичка хипархија. По смртта на Александар Ⅲ станал намесник на неговите законски наследници Александар Ⅳ и Филип Ⅲ Аридај. За да ја зајакне својата позиција, се оженил со ќерката на Филип Ⅱ, Клеопатра. Во времето на војната меѓу дијадосите се упатил против побунетиот Птолемај во Египет (321 пр.н.е.). При преоѓањето на Нил што било проследено со големи човечки загуби, се јавило незадоволство во војската, па бил убиен во својот шатор од негови соработници. ИЗВ.: Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907; Љ. Цур-ти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р.