ПАТРАЈ

ПАТРАЈ (Патраос) – пајонски крал (ок. 340/335–315 пр.н.е.), син на кралот Ликеј, познат единствено по неговата монетарна продукција и еден натпис на кој се спом-Тетрадрахми, дидрахми и тетраболи на пајонскиот крал Патрај нува дека бил татко на пајонскиот крал Авдолеон. Ковел пари во истиот тежински стандард како и Ликеј. Позната е неговата тетрадрахма на чијшто реверс е претставен коњаник како прободува паднат непријател, за која се претпоставува дека ја претставува победата на Аристон, братот на Патрај, над персискиот сатрап Сатропат во времето на походот на Александар Ⅲ Македонски. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија во Ⅱ и И милениум пр.н.е., Скопје, 1999. К. М45Р.