ПАТНА МРЕЖА – се состои од вонградска и градска. Во вонградската мрежа спаѓаат магистралните, регионалните и локалните патишта. Магистралните патишта ги задоволуваат потребите и на меѓународните комуникации (но-сат ознака Е), а некои од нив поминуваат и низ нашата територија (в. карта на патната мрежа). Низ територијата на РМ има остатоци од римските патишта: Виа Егнациа, кој од Скадар преку Драч (Дурахиум), Охрид (Лицхнидус), Битола (Херацлеа) и Солун (Тесалонице) води до Истанбул (Цонстантинополис); дел од Виа Милитарис низ Македонија: Сцопус–Тесалонице (Скопје–Солун) и Херацлеа–Стопис (Битола–Стоби). Како прва етапа во модернизацијата на вонградската патна мрежа може да се смета периодот од 1947 до 1967 г., кога се изградени 190,5 км, реконстру-Патната и железничката мрежа во Република Македонија ирани 522 км и модернизирани 209,5 км или вкупно 922 км патишта. Денес вонградската патна мрежа во РМ опфаќа 13.360 км, од кои: магистрални (државни/национални) 909 км, регионални 3.777 км и локални околу 9.000 км. Меѓународните Е-патишта во мрежата на државните патишта влегуваат со 549 км (од нив како автопати се 197 км). Низ РМ поминуваат и два европски коридора (предвидени како автопати), Коридорот 10, од границата со Р Србија до границата со Р Грција, со 192,5 км (автопат 152,5 км) и Коридорот 8, од границата со Р Србија до границата со Р Албанија, со 308 км (автопат 64,6 км). Во изградба е Северната обиколка на Скопје во профил на автопат со должина од 25,2 км. Гранката од коридорот 10Д, од Велес до границата со Р Грција (127 км) с¢ уште не е проектирана како автопат. ИЗВ.: материјали од документацијата на Фондот за магистрални и регионални патишта – Скопје; Државен завод за статистика, Транспорт и други комуникации, 2004 г.; Р. Дончева, Проектирање патишта, ГФ, Скопје, 2004. Р. Д.