ПАВЛЕВА

ПАВЛЕВА (ПАВЛОВА), Румена Ѓорѓиева (Румена војвода) (Ѓуешево, ќустендилско, ок. 1829 – Букурешт, Романија, ок. 1895) – жена ајдутски војвода. Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко $ рано ја омажил за Георги шопа. Била импресионирана од ликот и подвигот на војводата Иљо Марков-Малешевски и неговиот напад на кулата на Деве Баир (1854) со околу 170 ајдути. Во османлиската истрага и одмазда, меѓу другите, сретсело би-ла мачена и Румена, по што се пријавила за ајдутка, но Малешевски одбил да ја прифати. Таа го напуштила семејството и, со помош на Стојан Кркљански како барјактар, формирала своја ајдутска чета. Била страв и трепет за османлиските власти и чорбаџиите насилници на просторот од пл. Осогово до Врање (1858–1861). По предавство и неуспешен обид за убиство, ја распуштила четата и со барјактарот пребегале преку реката Дунав и подоцна стапиле во брак и се населиле во Букурешт (Романија), каде што и починала. Опеана е во повеќе македонски народни песни како „планинска царица“. ЛИТ.: Г. Димитров, Кнџжество Бљлгариџ в историческо, географическо и етнографическо отношение, т. 2, Пловдив, 1896, 244-246; Ефрем Каранов, Румена војвода.О=ерк из Осоговските планини, Софиџ, 1886; Ангелов и Вакарелски, Трем на бљлгарската народна историческа епика, Софиџ, 1940; (Ѓ. Абаџиев), Македонски возрожденци и револуционери. Албум, Скопје, 1950, 26; Дојно Дојнов, БÍлгарските хајдути, Софиџ, 1958; Хајтов, Жени хајдутки, Софиџ, 1962; Иван Богданов, Хајдути – исторически очерк, Софиџ, 1967; Ристо Поплазаров, Ослободителните вооружени борби на македонскиот народ во периодот 1850–1878, Скопје, 1978; Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅲ, Скопје, 1983. С. Мл. Станко Павлески, „Заморените од уметност“ (инсталација, 2005)