ОХРИДСКИ АПОСТОЛ

ОХРИДСКИ АПОСТОЛ – краток пракс-апостол од крајот на ⅩⅠⅠ в. Пронајден е од Виктор Григорович во охридската соборна црква. Има 112 пергаментни листови и е пишуван со уставно кирилско писмо врз основа на глаголска предлошка. На повеќе места во кирилскиот текст се среќаваат одделни зборови или цели редови пишувани со глаголско писмо. Судејќи според јазичните особености, овој значаен македонски книжевен споменик е пишуван во западниот дел на Македонија (најверојатно во Охридско). Притоа, ракописот е интересен како од јазичен, така и од литературен и уметнички аспект. Илуминиран е со знаменца и иницијали од византиски тип, во кои се наоѓаат траги од тератолошкиот стил на орнаментирање. На крајот од ракописот е приложен краток месецослов, во кој е одбележана паметта на словенските првоучители. Ракописот се чува во Руската државна библиотека во Москва (под сигнатура Григ.13 / Муз. 1695). ЛИТ.: С.М. Кулњбакин, Охридскаџ рукописњ апостола конца ⅩⅠⅠ века, Со-фиџ, 1907; К. Мир=ев, Кљм езиковата характеристика на Охридскиџ апостол от ⅩⅠⅠ в., Климент Охридски. Сборник от статии по слу=ај 1050 години от смљртта му, Софиџ, 1966, 107-120; Б. Вел=ева, Вљпроси на кљсната глаголица (носовките в пљрвиџ по=ерк на охридскиџ апостол, „Бљлгарски език“, ⅩⅤⅠ, 1, 1966, 3-9; А. С. ЛÍвов, По поводу упоминаниџ о Мефодии в календаре Охридского апостола, Изу=ение русского џзѕка и ис-то=никоведениџ, Москва, 1969, 40-54; Мито Аргировски, Теофорните имиња во Охридскиот апостол. „Литературен збор“, 2, 1972, 21-22; Иван Добрев, Погрешно мнение за Охридскиџ апостол, „Старобљлгарска литература“, 16, 1984, 3-17. Ѓ. П. Ат.