ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА –темелен степен на воспитно-образовниот систем, услов за секој вид натамошно образование. Има општообразовен карактер и е задолжително за популацијата на возраст од 6 до 15 години. Целта на основното образование е на учениците да им овозможи индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики; да усвојуваат знаења и умеења за природата, за општеството и за човекот и да се оспособуваат за нивната примена; кај нив да се развива чувство за одговорност, за вистината, за значењето на трудот на човекот, смислата за убавото, културните традиции и свеста за припадноста на РМ и да ги почитуваат и да ги исполнуваат граѓанските права и обврски. Основното образование се остварува во единственото деветгодишно основно училиште, организирано на три нивоа: подготвителна настава (1 година), одделенска настава (4) и предметна настава (4). Со Уставот на РМ е загарантирано правото секое дете да добие основно образование на мајчин јазик. Воспитно-образовниот процес се изведува на македонски, на албански, на турски и на српски јазик. Во текот на историскиот развиток основното об-Тимска проектна задача разование доживува повеќе промени, како во поглед на времетраењето и инстутиционалната поставеност, така и во однос на содржината, целите и задачите што ги остварувало (в. Образование во Македонија). ЛИТ.: К. Камберски, Предучилишното и основното образование во Република Македонија, Скопје, 2000. К. Камб. Орото „Осоговка“