ОПИЛА

ОПИЛА (до с. Ранковце) – тумул од железно време и некропола од доцноантичкото време и од средниот век, на десниот брег на Крива Река. При истражувањата на некрополата (извршени во 1984– 1996) се откриени 585 гробови од типот циста, слободно вкопувани, покриени со камени плочи и од тегули – тип „покрив на две води“. Прилозите во гробовите од железно време (Ⅷ–Ⅶ в. пр.н.е.) ги сочинуваат: керамички садови, белезици, токи, обетки прстени, висулци; во гробовите од Ⅵ в. е откриен накит, оружје и монети; во средновековните гробови од Џ–Ⅺ в. се откриени: обетки, прстени со позлата украсени со филигран, ѓердани со сребрени мониста, белезици, токи и нивно обележување со камени крстови. ЛИТ.: Милан Ивановски – Цоне Крстевски, Билибајци (Бабунци) Опила, Рановизантиска некропола, „АР“, 1987, Лјублјана, 1989, 129–130. М. И. Самоделски селански опинци