НИКОЛЕСКИ, Ванчо

НИКОЛЕСКИ, Ванчо (с. Црвена Вода, Охридско, 10. Ⅵ 1912 – Охрид, 15. Ⅳ 1980) – татко на македонската современа литература за деца и младина. Работел како учител и уредник на детски списанија. Неговите песни и поеми, раскази и романи се исполнети со теми и мотиви од подалечната и поблиската историја на македонскиот народ, со раскошната убавина од фолклорното наследство секогаш се блиски до читателот. БИБ.: стихозбирки: Македонче, Ск., 1946; школско ѕвонче, Ск, 1947; Прва радост, Ск., 1947; Мице, поема, Ск., 1947; Бабино вретенце, Ск., 1948; Чуден свет, Ск., 1952; Чуден дедо, Ск., 1964; Ѕвездени вечери, Ск., 1973; раскази: Чудотворен кавал, Ск., 1952; Приказни од моето село, Ск., 1964; Малиот ловец, Бит., 1970; романи: Волшебното самарче, Ск., 1962, класично дело; Гоце Делчев, Ск., 1964; Под виорното знаме, Ск., 1967. В. Тоц. Димче Николески