НЕДЕЛКОВСКИ, Коле Недев

НЕДЕЛКОВСКИ, Коле Недев (с. Војница, Велешко, 16. ⅩⅠⅠ 1912 – Софија, Бугарија, 2. Ⅸ 1941) – поет, револуционер и национален деец. По завршувањето на основното училиште во родното село се запишува во Велешката гимназија, но поради сиромаштијата ја напушта и работи како молер во Скопје (1922–1933). Учествува во прогресивното работничко движење, во 1931 г. се вклучува во неформалната литературна група, а потоа и во Македонската младинска револуционерна организација (МОРО), која формира јадра и во други места во Македонија, каде што се проучува македонската историја и јазикот. Се зближува со К. Рацин и со младиот поет В. Марковски. Почнува и самиот да пишува стихови. Во септември 1933 г. преку Грција заминува во Софија, каде што исто така работи како молер. Во тоа време се објавуваат повеќе македонски периодични публикации со национална ориентација. Од 1937 г. до-аѓа во Софија и чичко му, книжевникот-револуционер М. Војницалија, како и писателката од Велес В. Тимчева, а наскоро стигнува и В. Марковски. Во 1938 г. во сп. „ИлÓстраци® ИлинденÏ“ ја објавува својата прва песна (на македонски) „Стојан војвода“, а во следната година и други стихотворби во истото списание и во зборникот „ИлинденÏ 1939“. Во пролетта 1939 г. Неделковски и Марковски се примени во Македонскиот литературен кружок, како единствени членови што пишуваат на мајчиниот јазик. По излегувањето на стихозбирките на В. Марковски „Народни бигори“ и „Огинот“ (1938), Н. ја предлага за разгледување во МЛК својата прва стихозбирка „М”скавици“ и таа е отпечатена во декември 1939 г. Во тоа време во софиската Народна библиотека ги открива статиите на К. Мисирков во в. „Мир“ и неговата книга „За македонцките работи“; ја препишува на машина и МЛК предлага да се преобјави (во Вардарскиот дел на Македонија). Заедно со Марковски, Вапцаров и Абаџиев ја посетуваат сопругата на Мисирков, ги земаат за разгледување ракописите од неговата оставнина и на 18. Ⅴ 1940 г. К. Н. му пишува на синот на Мисирков д-р Сергеј Мисирков за „творештвото на најголемиот син на Македонија“, за „бесмртниот Македонец К. Мисирков“ и го замолува: „Па и ние, прокудените, каде и да се наоѓаме надвор од скапата наша татковина, се чувствуваме туѓинци и затоа не останавме глуви на делото и идејата на Вашиот незаборавлив татко, туку го прегрнуваме тоа дело за да го изградиме со цената на најмилото. И така, далеку од татковината, ние се обединивме во едно Македонско литературно другарство, од чиешто име се осмелив да Ве замолам да ни излезете во пресрет за да н“ запознаете поподробно со животот и дејноста на Вашиот покоен татко (биографијата) за да можеме големиот борец поодблизу да $ го претставиме на македонската општественост“. Потоа му ги испраќаат (со автографи) последните излезени македонски стихозбирки: „Луња“ од В. Марковски, „М”скавици“ од К. Неделковски, „Моторни песни“ од Н. Вапцаров и др. МЛК подготвува македонска антологија, во која авторот на предговорот А. Попов пишува: „По В. Марковски и К. Рацин дојде К. Неделковски со својата книга ”М”ска-Првата стихозбирка на Коле Неделковски „М’скавици“ посветена на Фиља и Венко Марковски (25. ⅩⅠⅠ 1939) вици”, напишана исто така на мајчин јазик. … Меѓутоа, основен мотив во стихозбирката му е татковината. Сите таги и страдања на самиот поет доаѓаат оттаму што земјата му е поробена, дека нејзиниот народ страда во ропство, дека дел од тој народ гние по туѓина во беда, разјадуван од болката за родната стреа“. Во половината на август 1941 г., по разгледувањето во МЛК, излегува неговата втора стихозбирка „Пеш по светот“. Како член на македонска диверзантска група, Н. требало да ги минира редакцијата и печатницата на профашистичкиот весник „Зора“ и германската воена радиостаница во Софија, но бугарската полиција утрото рано на 2. Ⅸ 1941 г. доаѓа да го уапси, поради што тој ја фрла пеколната машина и се фрла од шестиот кат на зградата. ДЕЛ: МÍскавици. Песни. шПосвета: На маŸка миќ, Софи® 1940; ПешÍ по светотÍ. Стихотворениа. ДелÍ пÍрви. шПосвета: На младите македонски борциќ, Софи®, 1941; Собрано дело. Јубилејно издание по повод на 40-годишнината од смртта на поетот-борец. Предговор, коментар, избор и редакција Тодор Димитровски, Скопје, 1981. ЛИТ.: Митко Зафировски, предговор кон кн.: Коле Неделковски, Песни, Скопје, 1945, В–Ⅺ; Димитар Митрев, Творческиот пат на Коле Неделковски, „Нов ден“, Ⅱ, 7–8, Скопје, 1946, 51–57; истиот, Лириката на Коле Неделковски, предговор кон кн.: Коле Неделковски, Стихови. Уредил Тодор Димитровски, Скопје, 1958; истиот, Поетот и борецот Коле Неделковски, во кн.; Сто години велешка гимназија, Титов Велес, 1961, 229–237; Д-р Сергеј Мисирков, Мали спомени за Коле Неделковски и Никола Вапцаров, „Репортер“, И, 10, Скопје, 9. Ⅺ 1955, 4; Тодор Димитровски, Кон проучување делото на Коле Неделковски, „Разгледи“, Ⅲ, 7 (59), Скопје, 1956, 7; истиот, Белешки за јазикот и правописот на Коле Неделковски, „Литературен збор“, Ⅲ, 2, 1956, 116–119; истиот, Кога е излезена стихозбирката „Молскавици“ од Коле Неделковски, „Литературен збор“, ЏЏВИИИ, 5, 1981, 65–66; Волче Наумчески, Последниот ден од животот на Коле Неделковски, „Нова Македонија“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 4050, Забавен прилог, 8. Ⅺ 1957; Славко Николовски, Но-ви податоци за Коле Неделковски, „Литературен збор“, Ⅺ, 2, Скопје, 1964, 15–17; Пецо Темелковски, Сеќавања за Коле Неделковски, „Литературен збор“, ⅩⅠⅠ, 6, 1965, 7–11; Коста Поповски, Живот и дело за Македонија, „Студентски збор“, ЏЏЏВИИ, 1034, 9. Ⅵ 1987, 10; Васил Тоциновски, Нови сознанија за првото издание на стихозбирката на Коле Неделковски „Молскавици“ од 1939 година, „Вечер“, Скопје, 28. Ⅷ 1982, 10; истиот, Поет изгнаник, Скопје, 1990; истиот, Коле Неделковски. Живот и дело, Скопје 1997; Коле Неделковски, Избор. Ибор и предговор Томислав Тодоровски, Скопје, 1987; Блаже Ристовски, Кога поточно е излезена стихозбирката „Молскавици“ од Коле Неделковски, „Литературен збор“, ЏЏЏИИ, 2, 1985, 9-19; истиот, Кога е излезена стихозбирката „Молскавици“ од Коле Неделковски (Историјатот и значењето во нашиот литературен развиток), во кн.: Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅱ, Скопје, 1989, 474–485; Димче Аџи Митрески, Сеќавања за Коле Неделковски, во кн.: Сеќавања за настани и за личности од македонското револуционерно движење. Избор, предговор и редакција Кузман Георгиевски, Скопје, 1997, 153-167. Бл. Р. Панче Неделковски