НЕВЕСТИНСКО

„НЕВЕСТИНСКО“ – македонско женско народно оро со ритам 7/8 (3, 2, 2). Најзастапено е во Дебарско-реканскиот регион, произлезено од стриктно определената обредна функција на свадбата да го поведе невестата. Држењето на играорките е за китките на рацете, свиткани во лактите до висина на рамената и малку издадени нанапред. Играњето започнува со истовремено пеење на песната „Прстен ми падна, мале, отаде река“. Погледот е скромен и одмерен, чекорите елегантни до перфекција, а движењата на телото сообразени со патријархалното однесување. ЛИТ .: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 129. Ѓ. М. Ѓ. Пречек на партизаните од Неврокопскиот партизански одред во Неврокоп (Гоце Делчев) (9. Ⅸ 1944)