МОЈСОВ, Лазар

МОЈСОВ, Лазар (Неготино, 19. ⅩⅠⅠ 1920) – политичар, историчар, дипломат и публицист. Дипломирал на Правниот факултет во Белград. Во март 1945 г. бил назначен за народен обвинител во Судот на националната чест на ДФМ. Бил јавен обвинител на ДФМ (1949–1951), претседател на Врховниот суд на НРМ (1953 –1955), вонреден и ополномоштен амбасадор на ФНРЈ во СССР и во Монголија (1958–1961), амбасадор на СФРЈ во Австрија (1967 –1969), во Гвајана и во Јамајка (1969–1974), шеф на Постојаната мисија на СФРЈ кај ООН (1969 –1974), заменик-секретар на СФРЈ за односи со странство (1974–1982), претседател на Генералното собрание на ООН (1977 –1978), претседавач на Претседателството на ЦК на СКЈ (1980–1981), сојузен секретар за односи со странство (1982–84), член на Претседателството на СФРЈ (1984–1988), претседател на Претседателството на СФРЈ (1987 –88). Објавил повеќе трудови од областа на надворешната политика и македонското прашање. БИБ: Бугарската работничка партија (комунисти) и Македонското национално прашање, Скопје, 1948; Околу прашањето на Македонското национално малцинство во Грција. Еден поглед врз опсежната документација, ИНИ, Скопје, 1954; Мемоарски записи – средби, луѓе, настани Книга прва. Советските и американските лидери во соработка и конфронтација, Скопје, 2006. Св. ш. и Т. Петр. Ангел Мојсовски