МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен

МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен (с. Трново, Кривопаланачко, 22. ⅩⅠⅠ 1941) – правник и политиколог. Основно образование и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во истиот град (1965). Докторирал на Факултетот за политички науки во Сараево, на тема „Ефикасноста на политичкото одлучување“ (1979). Работел како научен истражувач и научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1966–1993). Избран за судија во Уставниот суд на РМ (1994–2003). Од 2005 г. е редовен професор по уставно право на Факултетот за општествени науки во Скопје. Објавил поголем број трудови од областа на избирачкото право и политичкиот систем. БИБ.: Стојмен Михајловски, Изборните субјекти во изборниот процес, Скопје, 1972; Ефикасноста на политичкото одлучување, Скопје, 1991. Св. ш. Кирил Михајловски -Груица