МЕТОДИЈА МИТЕВСКИБРИЦО“ (Скопје, 16. И 1950) – училиште за физичка култура, основано од Комисијата за физичка култура на Владата на СРМ, со цел да школува стручни кадри за училиштата и спортските организации. Отпрвин било сместено во просториите на ДТВ „Партизан“ И. Од 1962/1963 се здобило со сопствен објект во населбата „Црниче“ и го добило сегашното име. Од учебната 1951/52 до 1967/68, кога престанало да биде кадровско, во него завршиле вкупно 668 стручни учители по физичко воспитание, од кои 490 машки и 178 женски. По 1968 г. работи како средно насочено училиште. ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Основање на кадровски школи во Македонија, „Годишен зборник на Факултетот за физичка култура“, Скопје, 1988, 115–117. Д. С.