МАЛИНОВ, Зоранчо (Штип, 1964) – етнолог, научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Дипломирал на Студиската група за географија (Насока етнологија) на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1988). Магистрирал на Групата за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград на тема „Посмртни обичаји у Брегалничкој области“ (25. Ⅵ 1999), а докторирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Традиционалниот народен календар во шопскобрегалничката етнографска целина“ (2005). Работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ (од 21. Ⅷ 1995). БИБ.: Посмртните обичаи во Брегалничката област, Скопје, 2001. ЛИТ.: Реферат за избор на асистент-истражувач од областа на етнологијата при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Малина, гранка со плодови бр. 837, Скопје, 15. Ⅹ 2003, 58-61; Реферат за избор на научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, на истото место, бр. 878, од 1. Ⅸ 2005, 125-127. С. Мл. Веселинка Георгиева Малинска