МАЛЕНКОВА, Љубинка (Охрид, 13. Ⅺ 1927) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет на Техничката велика школа во Белград (1951). Како проектант работи во проектантското претпријатие „Проектант“ и во ГП „Пелагонија“ во Скопје. Проектирала и реализирала разновидни објекти – станбени, општествени, здравствени и туристичко-угостителски. Се занимава и со урбанистичко планирање. Позначајни реализации: освен бројните станбени објекти, поштите во Прилеп (1973), во Тетово (1977), во Куманово (1978), во Струмица (1981), во Кочани (1982); хотели во Кочани (1957), во Ново Село, во Штип (1955), во Дојран (1959); Театарот на народностите во Скопје (1974); Урбанистичко решение за центарот на Кочани. ЛИТ.: Ј. Константинов, Архитект Љубинка Маленкова (1927), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 159-166. Кр. Т.