ЛОНДОНСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР

ЛОНДОНСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР (1913). – договор меѓу турската држава и сојузените балкански држави: Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора (17/30. Ⅴ 1913). Со Мировниот договор, Турција им ги отстапила на балканските сојузени држави сите области на Балканот западно од линијата од Енос на Егејското Море до Мидија на Црното Море, освен Албанија. Определувањето на границите и сите други прашања за Албанија, како и за островите во Егејското Море, освен за полуостровот Атос, биле во надлежност на Големите сили. Македонија останувала под заедничка окупаторска управа на Бугарија, на Грција и на Србија. Балканските држави не го ратификувале Лондонскиот мировен договор, подоцна склучиле секоја посебен мировен договор со Турција. ЛИТ.: Александар Христов и Јован Донев, Македонија во меѓународните договори 1875-1919, Скопје, 1994; Македонија во билатералните и мултилатерални договори на балканските држави, редакција Михајло Миноски, Скопје, 2000. М. Мин. Зографско евангелие Синајски псалтирМариинско евангелие Асеманово евангелие Лопушник, споменикот на Кочо Рацин