ЛИНКЕСТИ

ЛИНКЕСТИ – горномакедонско племе што ја населувало областа Линкестида. Првпат се спомнати кај Тукидид во втората половина наⅤв. пр.н.е. Долго време се спротивставувале на централната власт на Аргеадите. Во Пелопонеската војна биле нападнати од страна на македонскиот крал Пердика Ⅱ и спартанскиот крал Брасида (424/3 пр.н.е.). Тогаш како нивен владетел се спомнува Арабај, син на Бромер. Против нив војувал и македонскиот крал Архелај. ИЗВ.: Тхуцѕдидис, Хисториае, Оџонии, 1942.ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.