ЛЕШИ, Хаџи (Албанија, 1913) – бајрактар, командант на НОВА, генерал-мајор и државник на НР Албанија, брат на Аќиф Леши. Потекнува од беговско семејство. Подолг период бил жител на Дебар (до 1941), а потоа стапил во НОВА во четата на Мислим Пеза. Подоцна и самиот станал командант на партизанска чета (од летото 1942). Бил учесник на Националната антифашистичка конференција во Пеќ (16. IX 1942) и член на Албанскиот национален комитет (јуни 1943). Според договор на Гш на НОВ и ПОМ и Гш на НОВА, со чета од 150 партизани подолго време дејствувал на територијата на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ во Дебарско и Кичевско (август-ноември 1943) за придобивање на албанското население во НОАВМ. Учествувал во формирањето на Дебарскиот младински НО баталјон на НОВ и ПОМ (5. Ⅹ 1943). Им нанел големи загуби на балистичките сили на Џемаил Хасани-Џемо и Мефаил шеху. Подоцна станал член на Гш на НОВА (од почетокот на 1944). ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 1941-1945. Документи, Кичево, 1985, 127, 139, 171, 178, 180, 209, 110 и 216; Документи за воената организација 1941-1945. Покраински и Главен штаб на Македонија 1941-1943, том И, кн, 1, Скопје, 2001, 146, 177, 2011, 202, 205, 212, 231, 236, 238 и 252. С. Мл. ЛЕШОК ИСЕЛЕНИЧКИ КЛУБ