ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило

ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило (с. Крале, Андриевица, 23. Ⅵ 1913 – ?, 1986) – генерал-полковник. Како студент по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје и Данило Лекиќ -шпанац член на КПЈ (1935), бил еден од лидерите на комунистичкото движење во градот, другарувал и соработувал со Кочо Рацин. Наскоро по дипломирањето (1936) заминал како доброволец на Републиканската армија во шпанската граѓанска војна (јули 1937 – февруари 1939), каде што бил командант на Подофицерската школа, политички комесар на баталјон и в.д. политички комесар на ⅩⅠⅠⅠ интернационална бригада. Таму соработувал со Трајко Мишковски и заедно се допишувале со К. Рацин. Во НОАВЈ, меѓу другото, бил командант на Првата пролетерска НОУ бригада и командант на Дванаесеттиот корпус на НОВЈ. По Ослободувањето ги завршил Вишата воена академија „Ворошилов” во Москва (1945) и Вишата воена академија во Белград (1955). Извесно време бил во активна воена служба и командант на Четвртата армија на ЈНА, а потоа амбасадор на ФНРЈ во Бразил и ОАР, постојан претставник на СФРЈ при ООН (1957). Прогласен е за народен херој на Југославија. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Кочо Рацин. Историско-литературни истражувања, Скопје, 1983. С. Мл. ЛЕКОВИТИ РАСТЕНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА