ЛАЗАРОВ, Ристо

ЛАЗАРОВ, Ристо (Штип, 3. Ⅹ 1949) – поет, критичар, преведувач, директор на скопската телевизиска куќа „Телма”. Завршува Филолошки факултет во Скопје. Работи како долгогодишен новинар во низа редакции. Своевремено прв човек на агенцијата ТАНЈУГ. Член на Македонскиот ПЕН центар, а од 1972 г. член и на ДПМ. ДЕЛ: стихозбирки: Ноќна птица во паркот (1972), Јана (1980), Грозен кикот (1982), Капки кисела вистина (1985), Ле-то преку океанот (1988), Точка на вриење (1990), Одвајнадежна (1993), Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија (1995), История болезни (1996), Јаве (1996), Хераклеа (1999), Колумбо (2000), Тројца за преферанс (2001), Одмолчена (2003), Чехопек (2006); поезија за деца: Горјан во Дојран (1988) и Од Битола појдов (1990); публицистика: Прво лице еднина (интервјуа) и Лист по лист. ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990). В. М.-Ч.